Приведени крадци на Бит-пазар, следуваат пријави
- На подрачјето на Бит-пазар синоќа околу 22:45 часот од полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје лишени од слобода се Е. Е. (18) и уште тројца 17-годишници, сит

Скопје, 24 октомври 2022 (МИА) - На подрачјето на Бит-пазар синоќа околу 22:45 часот од полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје лишени од слобода се Е. Е. (18) и уште тројца 17-годишници, сите од Скопје.
Како што информираа денеска од МВР, тие претходно на подрачје на Бит-пазар со употреба на физичка сила од двајца малолетници од Скопје одзеле пари и предмет, кој подоцна бил пронајден кај пријавените.
Лицата се предадени на полициски службеници од Полициска станица Бит-пазар, а по целосно документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци. цр/