• вторник, 26 ноември 2024

Приведени кумановец и тетовчанец за повеќе кривични дела

Приведени кумановец и тетовчанец за повеќе кривични дела

Скопје, 5 септември 2023 (МИА) - Полициски службеници од СВР Куманово, вчера ги лишиле од слобода М.Ј.(27) од Тетово и Ш.Ш.(46) од Куманово за извршување повеќе кривични дела во изминатите два дена.

Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека лицата се сомничат дека, вчера во Градски парк во Куманово физички нападнале вработени во Јавно претпријатие „Чистота и зеленило“ и им се заканиле со остар предмет. Истиот ден влегле во угостителски објект на улицата „11 Октомври“ во Куманово и одзеле чанта. Додека, на 3 месецов се обиделе да одземат чанта од угостителски објект на улицата „Гоце Делчев“ во Куманово.

Двајцата осомничени кога биле приведени во полициска станица се обиделе со остар предмет да нападнат полициски службеници.

МВР известува дека лицата се задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави. сан/ац/

Фото: МИА архива

Остани поврзан