• петок, 26 јули 2024

Приведени дилери во Скопје, пронајдена дрога

Приведени дилери во Скопје, пронајдена дрога
Скопје 28 април 2022 (МИА) - Министерство за внатрешни работи соопшти дека се приведени двајца скопјани откако при преглед и претрес кај нив пронајдена е дрога. - На 27.04.2022 во 21:00 часот на бул.„Митрополит Теодосиј Гологанов“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје – Единица за недозволена трговија ги лишиле од слобода К.А.(28) и Н.Д.(31), двајцата од Скопје. При преглед кај нив и при претрес во домот на К.А., извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени неколку пакувања со бела прашкаста материја, неколку пакувања марихуана и дигитална вага со остатоци од дрога, информираат од МВР. Двајцата скопјани биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена пријава по член 215 од Кривичниот законик. сх/дма/

Остани поврзан