• петок, 05 декември 2025

Приведени две лица во Дебар поради предизвикување пожар

Приведени две лица во Дебар поради предизвикување пожар

Дебар, 13 септември 2025 (МИА) - Полициски службеници од Полициската станица од општа надлежност - Дебар лишила од слобода двајца жители на градот поради предизвикување пожар.

-Синоќа во 21:30 и во 23:15 часот во Дебар, полициските службеници ги лишија од слобода М.Ф.(41) и А.Р.(38), двајцата од Дебар. Тие се сомничат дека заедно со уште едно лице околу 19:30 часот предизвикале пожар на стрниште во Градскиот парк во Дебар, информираше Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи- Охрид.

За настанот е известен јавен обвинител и се преземаат интензивни мерки за пронаоѓање на третото лице. 

По целосно расчистување и документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава по член 288 од Кривичниот законик. 

Ова е последователен ваков случај. Претходно беа лишени од слобода жител на Дебар, на село Рајчица и жителка на Долно Косоврасти под истото сомнение. вт/лв/


Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан