• вторник, 21 април 2026

ВРЕДИ: Неуспехот на 5 министри и молкот на внукот на Али Ахмети го оставија албанскиот јазик надвор од правосудниот испит

ВРЕДИ: Неуспехот на 5 министри и молкот на внукот на Али Ахмети го оставија албанскиот јазик надвор од правосудниот испит

21 април 2026

За време на мандатот на Кренар Лога како министер за правда, се достигне врвот на лицемерието, кога во Комисијата за правосудниот испит како заменик-член бил вклучен и Бујар Ахмети, (внукот) синот на братот на Али Ахмети. Значи, не само што власта била во нивни раце, туку и одлучувачките структури. И повторно, ниту еден чекор напред. Ниту волја. Ниту правда за албанските студенти. Ова повеќе не е прашање на заборав или негрижа. Ова е намерна исклучувачка политика, прикриена со празна патриотска реторика, се наведува во соопштението од ВРЕДИ, што МИА го преенсува интегрално.

Со години, Министерството за правда беше раководено од албански имиња, од Блерим Беџети, Аднан Јашари, Валдет Џафери, Билен Салиу, па сè до Кренар Лога. Пет министри. Пет мандати. Пет златни можности да се исправи една отворена неправда кон албанските студенти. И сепак, ништо не се промени.

Ова не е само институционален неуспех, ова е намерно потчинување и политичко предавство. Документот потпишан од Талат Џафери ја запечатува оваа горчлива реалност: албанскиот јазик е оставен надвор од еден од најважните професионални процеси. Уште поскандалозно, овој закон е донесен со бадентер, односно со гласовите на самите албански пратеници од Демократската унија за интеграција.

ВРЕДИ не гради врз изговори, туку врз принципи. Бидејќи правилото е едноставно: иглата на компасот треба да се насочи кон вистинската точка. А вистинската точка е правдата, еднаквоста и достоинството на секој албански студент. Времето на оправдувања заврши. Времето на одговорност започна. Студентите албанци ќе го полагаат правосудниот испит на албански јазик.

ВРЕДИ

Остани поврзан