Привремено недостапни електронските услуги на порталот uslugi.gov.mk
- Министерството за дигитална трансформација ја информира јавноста дека поради технички причини и тековни активности за надградба на опремата, одредени услуги на Националниот портал за електронски услуги uslugi.gov.mk се привремено недостапни.
Скопје, 21 април 2026 (МИА) - Министерството за дигитална трансформација ја информира јавноста дека поради технички причини и тековни активности за надградба на опремата, одредени услуги на Националниот портал за електронски услуги uslugi.gov.mk се привремено недостапни.
- Aктивно се работи на отстранување на пречките и на повторно ставање во функција на сите услуги, што се очекува да се реализира многу бргу. Граѓаните ќе бидат дополнително и навремено известени веднаш по целосното воспоставување на достапноста на услугите. Министерството за дигитална трансформација им се заблагодарува на граѓаните за трпението и разбирањето - се наведува во соопштението. хс/дма/
Фото: МИА архива