• среда, 25 декември 2024

Приведена охриѓанка осудена за тешка кражба барана со потерница

Приведена охриѓанка осудена за тешка кражба барана со потерница
Скопје, 27 август 2022 (МИА) - Полицијата синоќа во скопското село Катланово ја лиши од слобода М.А.(25) од село во Охридско, барана со потерница за сторено кривично дело „тешка кражба“. - На 26 август во 21:40 часот во село Катланово, скопско, полициски службеници од Оперативниот тим потраги при СВР Скопје ја лишиле од слобода М.А. (25) од село во Охридско. За неа била распишана централна потерница по наредба на Основниот кривичен суд - Охрид за издржување казна затвор од една година и шест месеци за сторено кривично дело „тешка кражба“, информираат од Министерството за внатрешни работи. Таа ќе биде предадена на надлежната казнено поправна установа. ки/сп/

Остани поврзан