• вторник, 25 март 2025

Претстои променливо облачно време со повремен дожд, од среда наместа поројни врнежи, грмежи и силен ветер

Претстои променливо облачно време со повремен дожд, од среда наместа поројни врнежи, грмежи и силен ветер

Скопје, 23 март 2025 (МИА) -  Следува период на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

Според прогнозата, поинтензивни процеси се очекуваат од средината на следната седмица кога наместа
врнежите ќе бидат поројни и проследени со грмежи и силен ветер (над 60 километри на час).

-Локално ќе наврне поголема количина на дожд (над 20 литри на квадратен метар за 24 часа). До четврток ќе дува јужен ветер, кој утре ќе биде со засилен интензитет, а од петок ќе дува од северен правец, информира УХМР. хс/цр

Фото: МИА архива 

Остани поврзан