• петок, 22 ноември 2024

Претстави на четири ансамбли во Драмскиот театар

Претстави на четири ансамбли во Драмскиот театар

Скопје, 5 март 2024 (МИА) - Претстави на четири ансамбли ќе се одржат оваа недела во Драмскиот театар. Како што е најавено, утре ќе гостува театарот „Јордан Хаџи Константинов - Џинот“ од Велес со претставата „Нема струја за електричниот стол“ на режисерот Дејан Пројковски. Улогите ги толкуваат Васил Зафирчев и Исидор Јовановски.

В четврток, 7 март, ќе се претстават „Штрих“ со претставата „Вилицата на Ибен Бајерс“. Улогите ги играат актерите Марјан Наумов, Гоце Андонов, Благојчо Стојанов, Ава Хусеини, Томислав Давидовски, Катерина Јовановиќ, Ана Грамосли и Јанка Лефкова. Претставата е на авторот Филип Грујиќ. Режисер е Борис Василески.

Театарот „Златен Елец“ се претставува в петок, 8 март, со „Кенди“ според истоименото дело на Лук Дејвис. Адаптацијата и режијата е на Тамара Стојаноска, а улогите ги играат Лео Поповиќ и Бобан Алексоски.

В сабота, на 9 март, е претставата „Бура и продор“ на групата „Стурм унд дранг“. Теа Беговска е автор и режисер, а настапуваат: Илин Јовановски, Дениз Рустеми, Бојан Лазаров, Миа Кантарџиева Петровска, Тодор Стојковски и Дин Ибрахим.

Од Драмски театар информираат дека интересот на публиката за гостувањата е голем и со тоа ги покануваат и охрабруваат и останатите професионални ансамбли и театри од независната сцена за соработка и гостувања во оваа и наредните театарски сезони.бт/лв/

Фото: Драмски театар Скопје

Остани поврзан