Претседателот Пендаровски ќе ги прими акредитивните писма на новите британски амбасадор и апостолски нунциј
- Претседателот Стево Пендаровски денеска ќе ги ќе ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска и на новоименуваниот апо

Скопје, 27 јули 2022 (МИА) - Претседателот Стево Пендаровски денеска ќе ги ќе ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска и на новоименуваниот апостолски нунциј на Светиот Престол за земјава со седиште во Софија.
Предавање на акредитивните писма на шефот на државата од страна на новиот британски амбасадор Метју Лосон е предвидено за 10 часот, а од страна на ватиканскиот апостолски нунциј, надбискупот Лучано Суриани во 11 часот. сп/са/