• среда, 27 ноември 2024

Претседателот на Израел го обвини Хезболах за ескалација на насилството

Претседателот на Израел го обвини Хезболах за ескалација на насилството

Ерусалим, 22 септември 2024 (МИА) - Израелскиот претседател Исак Херцог денеска го обвини либанскиот Хезболах за ескалација на насилството и рече дека неговата земја не е заинтересирана да биде во војна со Либан.

-Не сакаме да војуваме со Либан, но Либан е киднапиран од терористичка организација која е исто така политичка партија во Либан наречена Хезболах, изјави Херцог за Скај Њуз.

Херцог рече дека лидерите убиени во петокот во нападот на јужен Бејрут се состанувале за да извршат „ист страшен, ужасен напад“ како нападот на Хамас врз јужен Израел на 7 октомври минатата година.

Претседателот изјави дека неговата земја се фокусира само на својата одбрана.

Херцог додаде дека Израел мора да обезбеди враќање на заложниците и да се обезбеди од нападите од Либан.

-Многу е едноставно, животот мора да продолжи на мирен начин на меѓународно признатата граница меѓу Израел и Либан, заклучи тој.

Обраќајќи им се на Израелците од командата на воздухопловните сили, израелскиот министер за одбрана Јоав Галант во меѓувреме рече дека Хезболах почнал да чувствува дел од способностите на израелската армија и дека веќе постои силно чувство за гледање резултати. мс/

фото: ЕПА

Остани поврзан