Претседателите на Русија и ОАЕ телефонски разговарале за Украина и Газа
- Рускиот претседател Владимир Путин имал телефонски разговор со претседателот на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) шеикот Мохамед бин Зајед Ал Нахјан.

Москва, 5 февруари 2024 (МИА) – Рускиот претседател Владимир Путин имал телефонски разговор со претседателот на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) шеикот Мохамед бин Зајед Ал Нахјан.
Двајцата претседатели разговараа за ситуацијата во Украина и Газа и се согласија дека постои „потреба од понатамошен развој на пријателските односи“ меѓу Русија и ОАЕ, соопшти Кремљ.
„Потврдена е принципиелната позиција на Русија и ОАЕ за поддршка на итен прекин на огнот (на Блискиот исток) и продолжување на политичкиот процес за изнаоѓање долгорочно и праведно решение за палестинското прашање на познатата меѓународна правна основа“ се вели во соопштението на Кремљ.
Се додава и дека Путин и шеикот Мохамед разговарале и за обезбедување дополнителна хуманитарна помош. јт/
Фото: ЕПА архива