• понеделник, 03 март 2025

Претрес во Тетово, пронајдена дрога

Претрес во Тетово, пронајдена дрога

Скопје, 2 март 2025 (МИА) - На 01.03.2025 околу 21 часот во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово извршиле претрес во дом и помошни простории на Ф.И.(31) од Тетово.

Како што соопшти МВР, при претресот биле пронајдени и одземени марихуана и три дробилки со остатоци од марихуана. Ф.И. бил лишен од слобода и против него ќе следува соодветен поднесок. нд/

Фото: МВР

Остани поврзан