Претрес во Куманово, пронајдена дрога, приведен дилер
- Полициски службеници од СВР Куманово вчера во 20:30 часот го лишиле од слобода Д.М.(19) од Куманово.
![Претрес во Куманово, пронајдена дрога, приведен дилер](https://mia.mk/index.php/images/20230303115401_big_730x400_69.webp )
Скопје, 3 март 2023 (МИА) - Полициски службеници од СВР Куманово вчера во 20:30 часот го лишиле од слобода Д.М.(19) од Куманово.
Како што информираат од МВР, при претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и дигитална вага. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава. дма/