Претрес во Кичево, пронајдена марихуана, приведен дилер
- Како што соопшти денеска МВР, при претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени повеќе пакувања и неколку тегли со марихуана, дигитална вага и други предмети со остатоци од марихуана.

Скопје, 8 октомври 2024 (МИА) - Полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи при ОВР Кичево, синоќа 23:40 часот во Кичево, го лишиле од слобода С.З.(64) од Кичево.
Како што соопшти денеска МВР, при претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени повеќе пакувања и неколку тегли со марихуана, дигитална вага и други предмети со остатоци од марихуана.
Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава. дма/ев/
Фото:МИА архива