Мицкоски од обука на Конрад Аденауер: Македонија забрзано се трансформира
- Од денеска во наредните два дена Партиско истражувачко-аналитички центар на ВМРО-ДПМНЕ (ПИАЦ) и Фондација Конард Аденауер (КАС) одржуваат обука за кандидатите за градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ и членовите на Извршниот комитет на партијата на партијата на тема одржлив локален развој за подобра иднина.

Скопје, 13 јуни 2025 (МИА) - Од денеска во наредните два дена Партиско истражувачко-аналитички центар на ВМРО-ДПМНЕ (ПИАЦ) и Фондација Конард Аденауер (КАС) одржуваат обука за кандидатите за градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ и членовите на Извршниот комитет на партијата на партијата на тема одржлив локален развој за подобра иднина.
Обуката ја отворил претставникот на КАС за Македонија Даниел Браун и раководителот на ПИАЦ на ВМРО-ДПМНЕ Светислав Васев.
Како што информираат од партијата на настанот се обратил и претседател на ВМРО-ДПМНЕ и премиер на Македонија Христијан Мицкоски, кој пред присутните кажал дека ВМРО-ДПМНЕ очекува огромна победа на локалните избори на есен, која, како што велат, ќе значи поголем број на општини, потенцирајќи дека тенденцијата е СДС да остане и без ниту една општина.
-Претседателот на партијата Мицкоски кажа дека Македонија забрзано се трансформира, и во таа насока посочи дека бројот на туристи во државата се зголемува, индустриското производство расте, бројот на капитални инвестиции и одобренија за градби е зголемен, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.
Мицкоски истакнал дека цел на Владата на ВМРО-ДПМНЕ е да го заврши овој мандат со номинален БДП на Македонија од над 20 милијарди долари, тоа ќе значи посилна економија и побогати граѓани, а кон тоа, како што рекол, ќе придонесат сите инвестиции, како државни, така приватни, но и странски, а кои се случуваат заради подобрата бизнис и политичка клима. сст/дма/
Фото: ВМРО-ДПМНЕ
Со почит,