• понеделник, 23 декември 2024

Прес-конференција по повод одбиените предлог-закони на Левица за лицата со попреченост

Прес-конференција по повод одбиените предлог-закони на Левица за лицата со попреченост

Скопје, 24 јули 2023

Пратениците на Левица поднесоа предлог-измени на два закони, со кои ќе се унапредеа паричните додатоци на лицата со попреченост и двојно ќе се зголемеше личната асистенција за лицата со попреченост. Mеѓутоа, овие закони за унапредување на положбата на лицата со попреченост не ја добија потребната поддршка во Собрание од страна на владејачкото мнозинство. 

Револтира фактот што, токму оние функционери кои добија покачување од 78 проценти за нивните плати, овојпат не изгласаа покачување на додатоците на лицата со попреченост. Токму оние кои се избрани да бидат гласот на народот во Собранието и да ги штитат интересите на народот во Собранието, за жал ги штитат само сопствените интереси.

Левица поднесе низа предлог-закони за унапредување на правата на лицата со попреченост, како и закони со кои ќе се ограничуваат правата на функционерите - како укинување на апанажата и укинување на патните трошоци. И овие закони не беа поддржани во Собранието, со што функционерите си ги задржаа своите бенефиции, но не дозволуваат истите бенефиции да ги добијата лицата со попреченост и останатите граѓани. 

Сектор за медиуми и односи со јавност при ПП Левица

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

Остани поврзан