• недела, 28 јули 2024

Премиерот Ковачевски ќе се обрати во Њујорк на состанок по повод 30 години од Декларацијата за правата на малцинствата

Премиерот Ковачевски ќе се обрати во Њујорк на состанок по повод 30 години од Декларацијата за правата на малцинствата
Скопје, 21 септември 2022 (МИА) - Премиерот Димитар Ковачевски денеска во Њујорк ќе учествува и ќе говори на отворањето на Состанокот по повод 30 години од Декларацијата за правата на малцинствата во рамките на Генералното собрание на Обединетите нации.Обраќањето на премиерот Ковачевски е предвидено околу 11 часот по локално, односно 18 часот по македонско време.
Премиерот Ковачевски денеска ќе одржи предавање и на реномираниот Универзитет „Колумбија“, каде што ќе се осврне на, како што соопшти прес-службата на Владата - „уникатниот модел на одржлива демократија на Република Северна Македонија, како и економската интеграција и трансформација“.Предавањето е дел од серијата говори на светски лидери и се очекува да присуствуваат стотина професори, експерти и студенти.
-Изминатите два дена премиерот Ковачевски во Њујорк учествуваше на Самитот за трансформација на образованието и на отворањето на 77. Генерално собрание на ООН на кое воведно обраќање имаше генералниот секретар Антонио Гутереш. Ковачевски заедно со колегите од Западен Балкан присуствуваше и на работен ручек организиран од високиот претставник на Европската Унија за надворешна политика и безбедност и потпретседател на Европската Комисија, Жозеп Борел, информира владината прес-служба. хс/

Остани поврзан