• вторник, 24 декември 2024

Премиерот Ковачевски и вицепремиерот Маричиќ ќе присуствуваат на последната сесија од скрининг процесот

Премиерот Ковачевски и вицепремиерот Маричиќ ќе присуствуваат на последната сесија од скрининг процесот

Брисел, 6 декември 2023 (МИА) – Премиерот Димитар Ковачевски и вицепремиерот задолжен за европски прашања и главен преговарач на земјава со ЕУ, Бојан Маричиќ денеска во Брисел ќе присуствуваат на последната сесија од скрининг процесот, која е посветена на Кластерот 6 кој ги опфаќа поглавјата „30 – Надворешни односи“ и „31 – Заедничка надворешна и безбедносна политика“. 

Според најавите, премиерот Ковачевски ќе го отвори билатералниот скрининг по овој Кластер, со чие затворање во текот на утрешниот ден и официјално завршува овој процес од преговорите за членство во ЕУ. 

Покрај присуството на последната сесија од скрининг процесот, Ковачевски ќе има и работен состанок со европратеници од редовите на Прогресивната алијанса на социјалистите и демократите (СД) посветен на проширувањето на Европската Унија и важноста на евроинтеграциите за земјава и за регионот. 

На Делфи економскиот форум, денеска премиерот Ковачевски ќе оствари работни состаноци со заменик-помошникот на државниот секретар на Соединетите Американски Држави за европски и евроазиски пр

Вицепремиерот Маричиќ, пак, ќе има работни средби и со потпретседателот на Европската комисија и еврокомесар за промоција на европскиот начин на живеење Маргаритис Схинас и со  генералниот директор на Директоратот за соседство и преговори за проширување (НЕАР), Герт Јан Копман. 

В петок, Маричиќ ќе присуствува на петтиот состанок на Стратешкиот одбор на Инвестициската рамка за Западниот Балкан (ВБИФ) заедно со Копман и со генералниот директор на Одделот за Европа и меѓународна трговија при норвешкото Министерство за надворешни работи, Фроде Оверленд Андерсен. Тема на разговорите ќе биде политиката на проширување на ЕУ со посебен акцент на Планот на ЕК за раст на Западниот Балкан, како и за текот на реформите и останатите актуелни случувања во земјава. 

Вицепремиерот Маричиќ вчера попладне присуствуваше на Семинарот за проширување во организација на Прогресивната алијанса на социјалистите и демократите (СД), при што имаше обраќање на панелот „Амбициозна политика и активни подготовки: Како да се спроведе прогресивната агенда за проширување“, посочувајќи дека политиката на прием на нови членки на ЕУ се покажува како мотор на мирот, демократијата, владеењето на правото и благосостојбата во Европа за сите земји кои беа опфатени со претходните проширувања. 

Според Маричиќ, доколку ЕУ сака да биде геополитички играч мора „да остане отворен проект“, со јасен рок дека пристапните преговори со земјите кандидати за следното проширување треба да завршат до крајот на 2030 година. 

Zëvendëskryetari i Qeverisë përgjegjës për Çështje Evropiane, Bojan Mariçiq, sonte foli në Parlamentin Evropian në Bruksel, në seminarin e organizuar nga grupi parlamentar Socialistë dhe Demo

- Кога станува збор за Западниот Балкан и за тоа колку е реална 2030 година како година за следно проширување на ЕУ со земјите од овој регион, тоа зависи само од секоја земја кандидат за членство во регионот и од Европската Унија, порача Маричиќ. 

Тој истакна дека со Планот за раст на Западниот Балкан, како составен инструмент од Пакетот за проширување, регионот доби „брза лента на патот за евроинтеграција со временска одредница во која што треба да се завршат домашните задачи“. 

- Сега сме исправени пред момент кој претставува посебна шанса за земјите од Западен Балкан којашто треба да се искористи, истакна вицепремиерот, додавајќи дека на секој од лидерите на државите од Западниот Балкан е да ја прифати одговорноста за заокружување европската интеграција на својата земја, како единствен пат кон просперитетна иднина. 

Тој потенцира дека мисија на актуелната Влада на земјава и негова, како вицепремиер, е да се создадат услови граѓаните од регионот да почувствуваат како е да се биде дел од Европската Унија многу порано од предвиденото, со фокус на реализација на Планот за раст и со 2030 како индикативна година за приклучување. 

Маричиќ истакна дека Северна Македонија се соочува со голема важна битка за усвојување на уставните измени, но и со борба за победа на следните избори на проевропскиот блок предводен од социјалдемократите и прогресивните политички сили над антиевропскиот блок, кој има за цел да ја врати државата во тунелот во кој се наоѓаше 11 години и во кој општеството беше комплетно задушено.  

- Во Северна Македонија следат најважните избори во последните 15 години. Ние се бориме да ја спасиме нашата држава од популизам и корупцијата, за што сум убеден дека ќе ја понесеме победата. Убедени сме дека социјалдемократите во Северна Македонија ќе се обединат со проевропските сили во државата и ќе победиме на следните избори, заклучи Маричиќ. 

На панелот на кој говореше Маричиќ и со кој модерираше италијанската европратеничка Алесандра Морети, учествуваше и косовскиот министер за култура, млади и спорт Хајрула Чеку, а видеоконференциски обраќање имаа и заменик директорот на Канцеларијата за европски и евроатлантски интеграции на украинската Влада, Иван Нагорњак и претседателот на Грузискиот прогресивен форум, Димитри Цкитишвили. 

Семинарот започна со воведни обраќања на претседателката на СД, Ираче Гарсија Перес и потпретседателот на СД за надворешни работи Педро Маркес, а во негови рамки се одржа и размена на мислење меѓу членови на Европарламентот и претставници на сестринските партии на СД од Западниот Балкан и Турција и на партнерски организации од Грузија, Молдавија и Украина. Семинарот заврши со обраќање на хрватскиот европратеник и координатор на СД за надворешни работи, Тонино Пицула. сп/аа/

Фото: МИА Архива

Остани поврзан