• сабота, 23 ноември 2024

Премиерката на Бангладеш поднела оставка бидејќи војската не сакала да пука кон демонстрантите

Премиерката на Бангладеш поднела оставка бидејќи војската не сакала да пука кон демонстрантите

Дака, 7 август 2024 (МИА) - Началникот на вооружените сили на Бангладеш одлучи војниците да не пукаат врз мирни граѓани за да воведат со сила полициски час, што ја принуди поранешната премиерка Шеик Хасина Вазед да поднесе оставка и брзо да ја напушти земјата, тврдат американски медиуми.

Според двајца армиски офицери, командантот Вакер ул Заман ја објави оставката на Хасина, откако заседаваше со своите генерали преку видеоконференција и потоа ја посети резиденцијата на премиерката за да ја информира дека неговите војници нема да ги применат побараните мерки. Пораката била јасна - Шеик Хасина веќе не може да смета на поддршката од армијата.

Шеик Хасина Вазед ја напушти земјата заедно со својата сестра со воен хеликоптер. Генералот Заман се сретна со претседателот Мохамед Шахабудин за консултации за формирање на преодна влада, на чие чело ќе биде добитникот на Нобеловата награда за мир од 2006 година, Мухамад Јунус. ссм/

фото: ЕПА архива

Остани поврзан