• среда, 25 декември 2024

Премиера на интердицсиплинарниот перформанс „Два пати Мери“

Премиера на интердицсиплинарниот перформанс „Два пати Мери“

Скопје, 5 февруари 2024 (МИА) - Во Котур Кафе и Филм во Скопје вечер ќе се одржи премиера на интердисциплинарниот перформанс „Два пати Мери“, кој комбинира изложба на фотографии, театарска претстава, видео и поезија.

Перформансот се изведува од два тима во исто време на две различни локации, во Прага и во Скопје. Публиката ќе може низ сите канали да го следи животот на двајца луѓе, да види како се претвораат во насилник и жртва, и која е улогата на општеството во таа трансформација.

Перформансот е организиран од „Скоро Театар“, а финансиран од Министерството за надворешни работи на Кралството Норвешка и СМАРТ БАЛКАНС - Граѓанско општество за поврзан Западен Балкан, и реализиран со поддршка и во соработка со Котур Кафе и Филм.

-Целиот перформанс е инспириран од македонски (и балкански) традицонални поговорки кои ја пренесуваат „мудроста” од генерација на генерација, оставајќи траги и лузни, велат организаторите.

Реприза на перформансот ќе се одржи утре. Во Скопје играат Матеа Јанковска и Никола Ристески, а од Прага преку видео Виктор Бужаров и Иф Атанасова. Текстот на перформансот е на Натали Спасова а пооезијата на Иф Атанасова. Во перформансот исто така е поставена и фото изложбата на Филип Куновски а музиката е на Александар Бошков. бт/аа/

Фото: Постер

 

Остани поврзан