Прекинат сообраќајот во тунелот кај Катланово
- Сообраќајот од Велес кон Скопје, во тунелот кај Катланово, е целосно во прекин, соопшти АМСМ.

Скопје, 26 јуни 2023 (МИА) - Сообраќајот од Велес кон Скопје, во тунелот кај Катланово, е целосно во прекин, соопшти АМСМ.
Сообраќајот на останатите државни патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на патните правци надвор од градските средини е умерен.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево. мч/дма/