• петок, 05 декември 2025

Прекинато водоснабдување ќе имаат корисници од бул. „Македонско-косовска бригада“ и од ул. „Партизански пат“

Прекинато водоснабдување ќе имаат корисници од бул.  „Македонско-косовска бригада“  и од ул.  „Партизански пат“

Скопје, 4 декември 2025 (МИА) - Поради дефект на водоводна цевка Ф80 мм на бул. „Македонско-косовска бригада“ бб. прекинато водоснабдување ќе имаат  дел од корисниците од овој булевар и краковите 17 и 19, а  дел од корисниците од булеварот ќе имаат намален притисок.

Како што соопшти ЈП Водовод и канализација-Скопје, водоснабдувањето е  прекинато од 10:20 часот до завршување на работните активности.

Поради дефект на приклучна водоводна цевка Ф 1“ на улица „Партизански пат“ 94, со прекинато водоснабдување се и корисниците од таа улица. Водоснабдувањето е  прекинато од 9:30 часот до отстранување на дефектот. 

Фото: МИА архива 

Остани поврзан