• понеделник, 23 декември 2024

Презентирани нови предлози и идеи за Буџетот за 2025 година, Отворен ден со граѓаните на Општина Илинден

Презентирани нови предлози и идеи за Буџетот за 2025 година, Отворен ден со граѓаните на Општина Илинден

Скопје, 30 ноември 2024 (МИА) - Во просториите на Општина Илинден, во рамки на политиките за транспарентност, денеска се одржа Отворен ден каде граѓаните ги презентираа своите идеи и предлози за формирање на Буџетот за 2025 година со цел подобрување на квалитетот на условите за живот и решавање на проблемите.

Градоначалникот Александар Георгиевски заедно со претставници од службите на Општината и директорите на јавните претпријатија, како што соопштија од локаланата самоуправа, оствари директни средби со граѓаните на кои се разговараше за предлозите за модерна и урбана Општина Илинден, каде беа презентирани  идеи преку кои граѓаните учествуваат во распределбата на средствата за следната година.

Се разговарало на темите за комуналната и патната инфраструктура, за уредување на простор со спортски терени, паркови, детски игралишта, озеленување и уште на многу други предлози и идеи на граѓаните.

-Сите предлози и барања од граѓаните кои денеска беа доставени, но и во изминатиот период преку електронски пат или дирекно доставени во локалната самоуправа, ќе бидат детално анализирани од стручните служби во Општината и согласно остварливите финансиски можности и издржливоста на проектите, истите ќе бидат имплементирани во Програмата за работа и Буџет за 2025 година, стои во соопштението од Општина Илинден. вг/

Фото: Општина Илинден

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан