• вторник, 24 декември 2024

Презентирани националните наоди од меѓународната ХБСЦ студија „Однесувања поврзани со здравјето кај децата на училишна возраст“

Презентирани националните наоди од меѓународната ХБСЦ студија „Однесувања поврзани со здравјето кај децата на училишна возраст“

Скопје, 27 октомври 2023 (МИА) - Сопругата на претседателот Елизабета Ѓоргиевска, на Филозофскиот факултет во Скопје имаше поздравно обраќање на презентацијата на националните наоди од меѓународната ХБСЦ студија „Однесувања поврзани со здравјето кај децата на училишна возраст (11, 13 и 15 години) во Република Северна Македонија“, во коорганизација на Центарот за психосоцијална и кризна акција – Малинска и Филозофскиот факултет при УКИМ.

Ѓоргиевска, како што информираат од Кабинетот на претседателот, нагласи дека резултатите од последниот циклус на оваа значајна лонгитудинална студија се клучни за расветлување на критичните аспекти на здравјето на младите и отвораат можност за уште позначаен напредок во иднина.

-Истражувањето и дискусијата за овие теми останува императив, бидејќи досегашните резултати нудат длабок увид во суштината на проблемот или ако сакате, избегнувањето на проблемите во контекст на здравјето на децата и младите. Превенцијата и зачувувањето на здравјето, како и предвидувањето на потенцијалните идни состојби кои би можеле да влијаат на нивниот севкупен развој, се и натаму на врвот на листата на овие приоритети, потенцираше сопругата на претседателот.

Минатогодишниот собир, како што посочи  Ѓоргиевска меѓу другото, беше клучен за расветлување на критичните аспекти на здравјето на младите и верувам дека го отворија патот за уште позначаен напредок во иднина.

-Истражувањето и дискусијата за овие теми останува императив, бидејќи досегашните резултати нудат длабок увид во суштината на проблемот или ако сакате, избегнувањето на проблемите во контекст на здравјето на децата и младите. Превенцијата и зачувувањето на здравјето, како и предвидувањето на потенцијалните идни состојби кои би можеле да влијаат на нивниот севкупен развој, се и натаму на врвот на листата на овие приоритети, рече таа.

Потсети дека животните навики на нашите деца и млади луѓе се обликувани од нивната физичка, ментална и социјална благосостојба.

-Како родители, воспитувачи и здравствени работници, ние мора активно да реагираме преку нудење насоки и образование усогласени со нивното однесување и развојни потреби. Средината во која живеат и функционираат младите има извонредна важност, со посебен акцент на поддршката што ја добиваат во обликувањето на нивниот начин на живот, негувањето на нивното внатрешно јас и заштитата на нивното ментално и психофизичко здравје. Без разлика дали оваа поддршка потекнува од семејството, образовното опкружување, поширокото општество од чиј дел се и нивните врсници или пак од т.н. „онлајн“ заедница,  која сè повеќе влијае на навиките на нашата млада генерација. Тема која бара осврт и настан од ваков тип, сама по себе, со оглед на комплексноста и испреплетеноста токму со секојдневниот, или со речникот на најмладите – „офлајн“ свет, истакна Ѓоргиевска.

Според неа, неопходно е да се најде вистинскиот начин за тие да ги разберат последиците од штетните навики, да ја совладаат уметноста на организирање на своето слободно време и вешто да го обработат богатството на информации во нивната околина, што им овозможува да ја подобрат нивната ментална и емоционална благосостојба.

Изразувајќи благодарност што е дел од ова значајно заедничко патување кон посветло и поздраво утре,  Ѓоргиевска ја поздрави посветеноста на оние кои неуморно работеа за да ја направат оваа студија реалност, вклучувајќи ги посветени истражувачи, едукатори, лекари, психолози, социјални работници и безброј други вклучени во овој процес - архитектите на сегашноста и иднината на нашата младина. дма/са/

Фото: Кабинет на претседателот на РСМ

Остани поврзан