Презентација на трошковната анализа на производите за менструално здравје
- Презентација на трошковната анализа на производите за управување со менструалното здравје, во рамки на проектот „Родова даночна дискриминација“ ќе се одржи денеска онлајн на платформата Зум.
Скопје, 17 февруари 2022 (МИА) - Презентација на трошковната анализа на производите за управување со менструалното здравје, во рамки на проектот „Родова даночна дискриминација“ ќе се одржи денеска онлајн на платформата Зум.
Проектот, како што соопштија од Новинари за човекови права, е реализиран како под-грант во рамки на проектот на Центарот за истражување и креирање политики – ЦИКП „Мрежа за родово одговорно буџетирање во Западен Балкан и Република Молдавија“ финансиран од Австриската агенција за развој (АDA) и Шведската агенција за меѓународна развојна соработка (SIDA).
- Покрај претставување на резултатите од анализата, ќе дадеме и препораки за искоренување на менструалната сиромаштија преку намалување на ДДВ/субвенционирање на производите, се вели во соопштението. мс/са/