• среда, 27 ноември 2024

Презентација на резултати од двете студии изработени од Аналитика

Презентација на резултати  од двете студии изработени од Аналитика

Скопје, 6 декември 2023 (МИА) - Аналитика тинк-тенк денеска го организира настанот „Преку зајакнување на фискалните и здравствените политики до намалени смртни случаи, спречување на пушење кај младите и зголемени буџетски приходи во Северна Македонија“.

Ќе бидат презентирани резултатите и препораките од двете студии изработени од тимот на Аналитика „Влијанието на оданочувањето на цигарите врз намалување на пушење и зголемување на буџетски приходи“ и „Влијанието на цените на цигарите и политиките на контрола на тутун врз иницијацијата со пушење кај адолесцентите: Докази од Северна Македонија“.

Како што е најавено, настанот ќе го отвори заменик-министерката Маја Манолева. 

Истражувањето на Аналитика покажува дека зголемувањето на акцизите на тутунските производи доведува до 22,4 отсто зголемување на буџетските приходи и избегнување на 39.000 прерани смртни случаи кај возрасни, како и избегнување на 1.600 прерани смртни случаи кај младите. Истовремено, со користење на ценовни и неценовни политики може да се намали веројатноста за започнување со пушење кај младите. Според нивните резултати, зголемувањето на цените на цигарите за 10 отсто би ја намалило веројатноста младите да почнат да пушат за три отсто.

Настанот е дел од меѓународниот научно-истражувачки проект „Унапредување на даночни политики за тутун во земјите со низок и среден доход“ финансиран од Универзитетот Илиноис во Чикаго (UIC) и Bloomberg Philanthropies. мд/аа/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан