• среда, 27 ноември 2024

Презентација на Документот за јавни политики „Како до ефикасна и ефективна еколошка правда?“

Презентација на Документот за јавни политики „Како до ефикасна и ефективна еколошка правда?“
Скопје, 3 март 2021 (МИА) - Детектираните болни точки во институционалната и законодавната рамка за животна средина со Анализа и соодветни предлози за надминување на празнините, беа главна тема на денешната онлајн конференција организирана од Центарот за правни истражувања и анализи (ЦПИА), на која беше презентиран Документот за јавни политики „Како до ефикасна и ефективна еколошка правда?“. Говорници на конференцијата беа  правните експерти Жарко Алексов, Гордана Лажетиќ и Александар Гоџо, техничкиот експерт Александар Дединец и меѓународен експерт Јованка Иѓњатовиќ. Модератор на настанот беше Никола Јовановски, програмски менаџер од Центарот за правни истражувања и анализи. На конференцијата беше посоено дека со цел да се постигне ефикасна и ефективна еколошка правда потребно е изготвување на функционална анализа на Министерството за животна средина и просторно планирање, каде ќе бидат вклучени сите параметри, а исто така треба да се изработи збирен стратешки документ со мерливи индикатори за мониторинг и евалуација. Воспоставувањето на интероперабилност поради размена на податоци и координација е исто така една од препораките, што беше предложена на конференцијата. Говорниците посочија дека преиспитувањето на законскиот правен концепт со цел да се зајакне правната заштита, како и преиспитување на законските надлежности на општините во однос на буџетот со кој располагаат, се исто така важни во постигнување на еколошката правда. На настанот беше истакнато дека ефикасноста е на ниско ниво поради отсуство на интерминистерска координација, односно потребно е министерствата меѓусебно да се координираат со цел да се постигне ефикасност во еколошката правда. Исто така, потребно е да се зголеми соработката со граѓанските организации и тие да бидат вклучени како партнери на државата. Документот за јавни политики е изработен како дел од проектот „Воспоставување на ефикасна и ефективна еколошката правда” и имплементиран од страна на Центарот за правни истражувања и анализи. Главната цел на проектот е да се воведе модел на политика за ефикасен надзор и спроведување на еколошките политики и регулативи, зајакнувајќи ја имплементацијата на меѓународните еколошки стандарди. Проектот се фокусира на идентификација на проблемите поврзани со надзорот над спроведувањето на законодавството за животна средина и преку широк консултативен процес да обезбеди препораки кои ќе ја подобрат еколошката ревизија и спроведувањето на регулаторната рамка за животната средина. Временската рамка за спроведување на проектот е од 1 октомври 2020 година до 31 март 2021 година. ки/сп/

Остани поврзан