• понеделник, 23 декември 2024

Предложени парични казни против 26 лица за непочитување на полицискиот час во Битола

Предложени парични казни против 26 лица за непочитување на полицискиот час во Битола
Скопје, 30 јуни 2021 (МИА) - Основното јавно обвинителство Битола до Основниот суд во Битола поднесе предлози за издавање казнени налози против 26 лица за кривично дело – „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“ од член 206 став 1 од Кривичниот законик, поради непочитување на полицискиот час во Битола. - Обвинетите, во различни кривично-правни настани, биле затекнати при непочитување на полицискиот час. Спротивно на важечките прописи со кои беше определена забрана за движење на населението како мерка за спречување на ширењето на коронавирусот, тие се движеле без дозвола надвор од нивните домови, се вели во соопштението од ОЈО. За секој од обвинетите Основното јавно обвинителство Битола предложи парични казни од по 100 дневни глоби со поединечна висина на дневната глоба од 10 евра во денарска противвредност.​​ аа/са/

Остани поврзан