• понеделник, 23 декември 2024

Преговорите се отворени, македонскиот тим е спремен за почеток на скрининг-процесот, вели Маричиќ

Преговорите се отворени, македонскиот тим е спремен за почеток на скрининг-процесот, вели Маричиќ

Скопје, 15 септември 2022 (МИА) - Вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ, пред денешниот почеток на скрининг-процесот испрати порака на својот фејсбук-профил дека сè е подготвено за следната фаза од евроинтеграциите и дека македонскиот тим е спремен за отворањето на скриниг-процесот.

- Преговорите се отворени. Денеска започнуваме нова фаза на евроинтегративниот пат и исполнување на нашата стратешка цел. Скринингот е важна задача за сите нас. Затоа сите да се обединиме околу оваа национална задача и да ја завршиме што е можно поскоро. Имаме добра основа и почитичка волја и капацитет да го направиме тоа, напиша Маричиќ на својата фејсбук-страница.

Тој нагласува дека граѓаните сакаат и заслужуваат да живеат во европска Северна Македонија и да ги користат бенефитите што ги носи членството во Унијата.

- Нека ни е со среќа и успех!, напиша Маричиќ на Фејсбук.

Северна Македонија по одржувањето на првата Меѓувладина конференција со која и официјално ги отвори преговорите со Европската Унија денес започнува со првата фаза од преговорите, односно скриниг-процесот.

Денеска почнува објаснувачкиот скрининг за Поглавје 5, Јавни набавки. Македонската делегација ја преводи вицепремиерот и главен преговарач Маричиќ, дел од делегацијата е и државната секретарка во СЕП и заменик на главниот преговарач Дрита Абдиу Халили, а исто така во делегацијата се вклучени и претставници од надлежните институции и од Секретаријат за европски прашања.  

Од 15 до 27 септември 2022 година ќе се одвиваат состаноци за областите и поглавјата од Кластерот Фундаментални вредности, кога Комисијата ќе го презентира новото законодавство за овие области. Сите состаноци се одржуваат во Брисел, освен за Поглавјето 18 Статистика во Луксембург. нд/дма/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан