• петок, 27 декември 2024

Прва фаза од санацијата на улица „Саса“ во Кисела Вода

Прва фаза од санацијата на улица „Саса“ во Кисела Вода

Скопје, 12 август 2022 (МИА) - Започна првата фаза од санацијата на улица Саса во урбаната заедница Пинтија. Се работи на 500 метри должина, на кои се интервенира за првпат откако е направена оваа улица.

-По налог на Општина Кисела Вода веќе е отстранет дотраениот асфалт и интензивно се работи на подготовките за асфалтирање. Паралелно, во Пинтија, течат градежни активности и на кракот 18 од улицата „Саса“, каде во завршна фаза е поплочувањето со павер елементи на повеќе улици со вкупна површина од околу 1500 квадратни метри, информираат денеска од Општината.

Покрај надземно, во оваа населба се работи и на унапредување и уредување на подземната инфраструктура. Општина Кисела Вода е во фаза на подготовка на техничка документација за изградба на околу 1600 метри фекална канализација, за улиците Саса 4 и Саса 2, кои за првпат ќе добијат канализациска мрежа.

Работејќи на постигнување на рамномерен регионален развој, во општина Кисела Вода, нагласуваат оотаму, со градежни зафати се зафтени и останатите месни и урбани заедници. сст/дма/

Остани поврзан