• сабота, 21 декември 2024

Прва меѓународна конференција за Цефиксим во Истанбул, поддржана од „Алкалоид“

Прва меѓународна конференција за Цефиксим во Истанбул, поддржана од „Алкалоид“

Скопје, 16 март 2024

Како континуиран и доследен поддржувач на стручни и научни настани кои имаат висок импакт врз целокупниот развој на фармацијата и медицината во земјава и надвор од границите, „Алкалоид“ годинава е домаќин на Првата меѓународна конференција за Цефиксим, која се одржува од 14 до 16 март во Истанбул, Турција.

Меѓу учесниците на овој значаен настан се вбројуваат и претставниците на „Алкалоид“ и на ентитетите на компанијата надвор од Македонија, како и голем број здравствени експерти од 12 различни земји. Оваа конференција, прва од ваков тип, во својот фокус ја има визијата за подобрување на секојдневните практики во делот на рационалната употреба на антибиотиците, а со тоа и за подобрување на квалитетот на услугите за пациентите низ светот.

Преку воведно обраќање и презентација, Генералниот директор и Претседател на УО на „Алкалоид“, Живко Мукаетов, ги претстави корпоративните перформанси на „Алкалоид“, особено осврнувајќи се на значењето на настаните од овој тип, кои ја развиваат и ја надградуваат научната мисла на глобално ниво. „Освен што е најпрепишуван орален третогенерациски цефалоспорин, Цефиксимот на ’Алкалоид’ е втор по ранг по произведен волумен во Европа.

Цефиксимот е најзастапениот и водечки производ на ’Алкалоид’ во сегментот фармација, присутен во клиничката пракса од 1995 година и присутен на пазарите во над 20 земји во светот“, истакна Мукаетов, потенцирајќи дека компанијата наскоро планира проширување на производствените капацитети за овој свој стратешки важен производ.

Повеќе од 200 учесници и еминентни претставници од областа на фармацијата и медицината се дел од богатата научна програма на Првата меѓународна конференција за Цефиксим, поддржана од „Алкалоид“. Тематскиот дел од Конференцијата го отвори д-р Снежана Петровска, раководител на одделот Глобални медицински работи и безбедност на лекови при „Алкалоид“, преку презентација за успешната приказна на алкалоидовиот Цефиксим низ годините.

На панел-сесијата посветена на искуствата за овој дел во македонски рамки, чиј модератор беше проф. д-р Дејан Докиќ, говореа д-р Александар Сајковски и проф. д-р Сотир Ставридис. Стручњаците во делот на фармацијата и медицината на глобално ниво присутни на настанот се децидни дека успешната професионална и научноистражувачка соработка со компанијата, која во повеќето случаи трае со децении, се должи, пред сѐ, на квалитетот на производите, но и на начинот на кој компанијата го цени и го вреднува човечкиот фактор, вклучувајќи ги сите засегнати страни во рамките на системот на дејствување.

Како компанија посветена на создавањето можности за поттикнување континуирана едукација и споделување искуства во рамките на стручната заедница, веруваме дека Првата меѓународна конференција за Цефиксим, поддржана од „Алкалоид“, ќе даде уште поголем придонес во рационалната употреба на антибиотиците, како и во намалувањето на растечкиот тренд на антимикробна резистенција на глобално ниво.

Алкалоид АД Скопје

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан