• среда, 25 декември 2024

Првата конференција за комерцијални недвижности во Македонија обезбеди квалитетна платформа за размена на знаење и искуства

Првата конференција за комерцијални недвижности во Македонија обезбеди квалитетна платформа за размена на знаење и искуства

Скопје, 11.05.2023 - Првата конференција за комерцијални недвижности во Македонија се одржа вчера, 10.05.2023, во хотел Хилтон, иницирана и во организација на ФОРТОНМКА, а ко-организатор маркетинг агенцијата „Кликер маркетинг“. Истата обезбеди квалитетна платформа на која локални и меѓународни професионалци за недвижности имаа можност да се се сретнат и да разменат знаења и искуства.

На првата панел дискусија, насловена „Инвестиции на пазари во развој“, се дискутираше за атрактивноста на инвестиции на ваков вид на пазари, не само поради поголемиот приход и поврат на инвестицијата, туку и поради недостатокот на инвеститори, едноставно овие пазари уште не се на “радарот”.

Имајќи го ова предвид, инвеститорите треба да ги искористат предностите на овие специфични пазари пред трансакциите да станат прескапи.

Еден од учесниците на оваа дискусија беше директорот на ТИРЗ, Јован Деспотовски.

„Презентиравме еден нов модел кој го воведовме на работењето во слободните економски зони, кој овозможува домашите компании градежни но и финансискиот сектор и осигурителните компании да земат дел од колачот од странски инвестиции кои влегуваат во земјава. Минатата година успеавме да заокружиме проекти преку 60 милиони евра, и дополнително работиме на уште три проекти кои ќе овозможат домашниот градежен сектор да влезат во еден инвестициски циклус да земат 100 милиони евра“, изјави Деспотовски.

На втората панел дискусија „Финансирање на проекти“, се разговараше за улогата на финансиските институции како неминовен чинител за успешна реализација на инвестициите од страна на компаниите. Учесниците, финансиските институции и инвеститорите беа категорични дека и покрај економската несигурност, побарувачката за финансирање на проекти во комерцијален недвижен имот не е намалена. Се потенцираше дека довербата меѓу страните е неопходна, додека пак експертското знаење за оценка за исплатливоста на вложувањата е суштина при одлучувањето за финансирање на проектите.

На панел дискусијата „Потреба за развивање на логистички паркови”, се елаборираше што ја движи потребата за развој на логистички капацитети: е-трговијата, потребата стоката да биде блиску до крајниот корисник, како и релокацијата на лесната индустрија во регионот. Целосната слика за потребата од логистички капацитети беше претставена од страна на говорници кои се позиционирани на различни делови на “supply chain“, поточно од инвеститори до корисници во нашата држава но и во државите на Југоисточна Европа.

На четвртата панел дискусија „Што е следно за канцеларискиот простор?“, разновидна група експерти разговараше за клучните двигатели при креирање на идни стратегии за работната средина.

Канцеларискиот простор ќе треба да даде бенефиции на работниците што не можат да ги најдат на друго место. По Ковид пандемијата, во која се актуелизираше хибридниот модел на работење, компаниите се враќаат на основниот принцип на работа со физичко присуство во канцелариите.

На панел дискусијата „Оставаме белег. Што значи ЕСГ (ESG)?” се дискутираше околу важноста за еден од најголемите трендови во доменот на инвестициите – ЕСГ (ESG), кој има цел да ги поттикне компаниите да ги базираат инвестициите врз основа на влијанието на компанијата врз животната средина, социјална одговорност и транспарентно раководење кое се потпира на највисоките етички норми и стандарди при водење бизнис. Преку практични примери согледавме дека нашите компании ја уважуваат и започнуваат имплементацијата на ЕСГ (ESG) со цел да бидат во тек со светските трендови.

На последната панел дискусија за пазарот на станбен простор, во фокусот беа предизвиците и влијанието кои ги создаваат економските кризи, трендовите на домување, како и иднината на пазар со станбен простор. Експертски мислења од стана на панелистите за понудата и побарувачката која покрај зголемувањето на цените и затегнувањето на монетарната политика остана стабилна. Пазарот со станбен простор останува во фокусот на локалните инвеститори но за сериозен развој на истиот, најголемиот предизвик е неносењето на ДУП-ови или не реализирање на истите од страна на општините.

Дикусиите им овозможија на присутните да истражуваат на различни теми поврзани со комерцијалните недвижности, како што се стратегиите за инвестирање, динамиката на пазарот, регулаторниот развој, одржливоста, стандардизација, технолошкиот напредок и новите трендови.

Организаторите од ФОРТОНМКА, како домаќин на првата конференција од ваков вид во Македонија, покажаа посветеност за промовирање на растот и развојот на секторот за комерцијални недвижности во земјата. Ко-организатори на овој настан беа ИнСтор.

„ФОРТОНМКА е дел од проекти со најразличен формат. Додадената вредност е во познавањето како се одвива процесот, како се создава квалитетен имот, како како од една мала идеја, создаваме проект кој потоа има пзарна вредност од 30 милиони евра. Го предвидуваме и максимизираме повратот на инвестицијата, а истовреме импелемнтираме долгорочни стратегии за оджливи асети. Нашиот пазар не е ниту мал, ниту за потценување. Со таа цел ја иницираме и огранизираме оваа прва конференција, кадешто сите домашни и меѓународни професионалци од областа за прв пат се на едно место. Се радуваме што создадовме можност да бидеме гласни во споделување на поривот да го мапираме македонскиот Пазар на светки трендови. Ова е нашиот придонес кој менување на пазарот кон подобро“. -изјави Катарина Николов, Генерален директор на ФОРТОНМКА и посочи дека доаѓа време на ретаил парковите.

Првата конференција за комерцијални недвижности во Македонија беше извонредна можност која несомнено обезбеди вредна платформа за професионалците да разменат идеи, да разговараат за трендовите и да се осврнат на предизвиците во индустријата.

 

 

____________________________________________

 

 

MИА - ОТС Комерцијални соопштенија

 

 

Напомена: Оригинален текст. За содржината е одговорен нарачателот.

Остани поврзан