• вторник, 24 декември 2024

Пратеник од политичкото крило на Хезболах рече дека Израел сака војна и шиитското движење е подготвено за тоа

Пратеник од политичкото крило на Хезболах рече дека Израел сака војна и шиитското движење е подготвено за тоа

Бејрут, 31 јули 2024 (МИА) - Член на либанскиот Парламент од шиитската милитантна група Хезболах изјави дека неговата група е подготвена да војува со Израел откако израелските сили започнаа напад врз јужно предградие на главниот град Бејрут, чија цел беше Фуад Шукр висок воен командант на Хезболах.

„Овој непријател сака војна и ние сме подготвени за тоа, со Божја помош, ние сме подготвени за тоа“, изјави за локални медиуми пратеникот Али Амар. 

Нападот се случи три дена откако ракета погоди фудбалско игралиште во Голанската висорамнина окупирана од Израел, при што загинаа 12 деца и млади. Израелската армија посочи дека токму Фуад Шукр, против кого бил насочен ударот, е одговорен за тој напад, како и за други смртоносни напади врз цивилни цели, јави ДПА.

Хезболах негираше вмешаност во нападот на фудбалскиот терен, но рече дека истрелал ракети врз воена цел лоцирана на Голанската висорамнина. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан