• петок, 25 октомври 2024

Празнична изложба на книги во битолската библиотека

Празнична изложба на книги во битолската библиотека

Битола, 23 октомври 2024 (МИА) - Националната установа Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“-Битола промовира празнична изложба на книги од македонски автори.

Станува збор за дела посветени на македонските револуционери Даме Груев, Гоце Делчев, но и дела кои сведочат за националната борба на Македонскиот народ, за Илинден, за славно Смилево и други македонски публикувани дела, истакнаа од библиотеката продолжувајќи ја традицијата на празнични изложби организирани за секој државен празник.

Изложбата на книги, посветена на 23. Октомври, Ден на македонската револуционерна борба е поставена во фоајето на НУУБ „Св. Климент Охридски“ и ќе биде отворена до 28 октомври. мт/дма/


Фото: МИА

Остани поврзан