Правните советници во Уставниот суд на обука за слободата на изразување и слободата на собирање и на здружување
- СООПШТЕНИЕ - Правните советници од Уставниот суд беа дел од обука на која се обработуваат теми од областа на слободата на изразување и слободите на собирање и здружување, интерпретирани преку праксата на Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП).

Скопје, 23 септември 2024
Правните советници од Уставниот суд беа дел од обука на која се обработуваат теми од областа на слободата на изразување и слободите на собирање и здружување, интерпретирани преку праксата на Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП).
Во рамки на обуката беа разработени формите и основите на овие права и слободи на граѓаните преку конкретни примери од домашната пракса , анализа преку случаи на членот 10 (слобода на изразување) и членот 11(слобода на собирање и здружување) од Европската конвенција за човекови права.
На отворањето на работилницата свое обраќање имаше судијата м-р Татјана Васиќ-Бозаџиева и Умер Ал-Катиб, шеф на оддел човечка димензија при Мисијата. Обуката е дел од активностите предвидени со Меморандумот за разбирање помеѓу Уставниот суд и Мисијата на ОБСЕ во Скопје кој беше склучен во февруари оваа година.
Целта на оваа обука е да се овозможи на правните советници подлабоко разбирање на овие две слободи, да ги покрие клучните принципи утврдени од Европскиот суд за човекови права и други механизми на темите на слобода на изразување и слобода на собирање и здружување, како и да ги подобри нивните вештини за правно пишување на одлуки во случаи на кршење на човековите права поднесени пред Уставниот суд.
Предавачи на обуката беа Мирјана Лазарова-Трајковска, судија на Врховниот суд и поранешен судија на ЕСЧП и Рената Дескоска, професорка на Правниот Факултет Јустинијан Први во Скопје и член на Венецијанската Комисија при Советот на Европа.
Советниците добија сертификати за успешно завршената обука.
Обуката се одржа во периодот од 19-21 септември, во Велес. Со оваа обука се исцрпени активностите кои беа опфатени во Меморандумот за разбирање, а согласно најавите од двете организации констатирана е желба за продолжување на соработката и понатаму.
Уставен суд
___________________________________________________________________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.