• сабота, 23 ноември 2024

ПП Левица: Корупцијата царува во затворите

ПП Левица: Корупцијата царува во затворите

Скопје, 30 јуни 2024

Во затворот Идризово се случила масовна тепачка меѓу затворениците! Повеќе лица се здобиле со тешки телесни повреди, додека едно лице било претепано до смрт. Ова е последен инцидент во долгата серија на настани што се имаат случено во затворот Идризово изминативе години: од филмските обиди за бегство, до оваа масовна тепачка. За жал, се чини дека ова нема да биде последен ваков случај.

Животната состојба во затворите е повеќе од загрижувачка и нехумана. Ова го потврдува и Годишниот извештај на Народниот правобранител во кој се опишува катастрофалната состојба во однос на хигиената, но и пренатрупаностна на просториите, кои пред сè, се извор на ширење на заразни болести. Условите за живот во казнено - поправните установи во Македонија се далеку под секој човечки минимум.

Катастрофалните животни услови во КПУ се и еден од изворите што поттикнуваат појава на корупиција. Според она што го споделуваат затворениците, затворската полиција, чии припадници во повеќе наврати се фатени во обид да шверцуваат забранети предмети во затворите, се основна алка во корумпираниот систем.

Потсетуваме дека во повеќе наврати околу затворите беше прогласувана кризна состојба со што се овозможи војската и регуларната полиција да ги  обезбедуваат затворите, но, очигледно, дека и тоа имаше краткорочни ефекти, без да ги донесе потребните резултати, а проблемите продолжуваат да се таложат.

Живот под секое човечко достоинство е недозволив! Дополнително, условите во КПУ се далеку под стандардите на КПД во земјите на ЕУ, затоа Левица бара ветинг на севкупната работа на затворите и затворската полиција, како и сеопфатна реформа поткрепена со дополнителни обуки за затворската полиција, кои ќе помогнат да се зголеми нивото на спремност и професионалност на нејзините припадници.

Левица апелира дека на затворите им е потребно итно реновирање и зголемување на капацитетите, но и унапредување на програмите за ресоцијализација на затворениците, каде што преку индивидуален пристап, труд и едукација, ќе бидат подготвени за реинтеграција во општеството!

Сектор за медиуми и односи со јавност на ПП Левица

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан