• недела, 22 декември 2024

ПП Левица: Апел за вклучување на аларм во културата, околу три години оставени без ниту еден внатрешен ревизор

ПП Левица: Апел за вклучување на аларм во културата, околу три години оставени без ниту еден внатрешен ревизор

Скопје, 18 октомври 2024


Околу три години оставени без ниту еден внатрешен ревизор, неповолно мислење за реалноста и објективноста на финансиските извештаи, исчезнати уметнички дела и икони, исчезнати проектни документации, исплаќани милиони евра за различни проекти без дефинирани критериум, се само дел од белешките кои го „красат“ ревизорскиот извештај за работата на Министерството за култура.

Во Министерството за култура последниот внатрешен ревизор се пензионирал во 2021 година, па така инстутуцијата која претходно работела под слаба контрола, веќе три годни работи без воопшто никаква внатрешна контрола. Ова е една од клучните причини зошто изминативе години, без разлика дали на чело на Минстерството стоеле кадри од ДПМНЕ, СДС или некој од нивните сателити, културата се наоѓа во континуирана деградација.

Па така, во слабости и неусогласености со внатрешна регулатива, изразено е мислење со резерва за реалноста и објективноста на финансиските извештаи, финансиските трансакции и информации, што само ги поткрепува сомневањата во јавноста за сомнително делење проекти и фаворизирање на одредена клика луѓе, на штета на сите останати културни работници.

 Левица апелира на вклучување на аларм во културата. Огромниот број белешки во ревизорскиот извештај сведочат за огромна материјална штета, како финансиска, така и на дела со историска, духовна или уметничка вредност. Повикуваме не само надлежните институции, туку и истражните органи да ги „прочешлаат“ забелешките утврдени во извештајот, и покренат соодветни постапки кон оние што причиниле штета, без разлика дали буџетска или материјална.

Со почит, 
Сектор за медиуми и односи со јавност при ПП Левица 

Фото: ПП Левица

__________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан