• сабота, 23 ноември 2024

По усвојувањето на реформата, синдикатите во Израел ја разгледуваат опцијата за генерален штрајк „ се до постигнување на целосно повлекување“

По усвојувањето на реформата, синдикатите во Израел ја разгледуваат опцијата за генерален штрајк „ се до постигнување на целосно повлекување“

Ерусалим, 24 јули 2023 (МИА) - Шефот на главниот синдикат на работниците во јавниот сектор во Израел, Арнон Бар-Давид, изјави денеска дека ќе разговара со другите синдикални претставници за организирање можен генерален штрајк откако парламентот го ратификуваше клучниот елемент од контроверзниот план за реформи во судството.

-Од овој момент секој унилатерален напредок во судските реформи ќе има сериозни последици. Или работите ќе се движат напред со широк договор или воопшто нема да одат напред, рече Бар-Давид, пренесуваат британските медиуми.

Тој додаде дека на состанокот со другите синдикални лидери ќе ја разгледа опцијата за активирање генерален штрајк „доколку е потребно, додека не се постигне целосно гасење“.

Израелскиот парламент – Кнесетот, претходно денеска, го усвои клучниот закон во планираната судска реформа предложена од премиерот Бенјамин Нетанјаху, со кој се отстрануваат овластувањата на Врховниот суд да ги укинува одлуките на владата и парламентот за кои тој смета дека се неразумни и штетни.

Законот беше донесен со 64 гласа „за“ и ниту еден „против“, а пратениците од опозицијата во знак на протест го бојкотираа конечното гласање за законот.

Гласањето уследи по речиси 30- часовна непрекината дебата што почна вчера наутро.

Во тој период, стотици илјади демонстранти излегоа на улиците да протестираат против усвојувањето на законот што го сметаат за недемократски. сд/

 

Остани поврзан