По експлозија на гас се урна станбена зграда во Турција
- Во турската покраина Јозгат се урна станбена зграда откако имаше експлозија предизвикана од истекување на гас
Анкара, 5 октомври 2022 (МИА) - Во турската покраина Јозгат се урна станбена зграда откако имаше експлозија предизвикана од истекување на гас.
„Си-ен-ен Турк“ објави дека екипи на брзата помош успеале од под урнатините да извлечат четири лица.
За сега нема податоци за потенцијалните жртви, ниту информации за причината за истекување на гасот. ми/