• сабота, 28 декември 2024

По две предупредувања Град Скопје присилно ќе наплаќа даноци за 2019 година

По две предупредувања Град Скопје присилно ќе наплаќа даноци за 2019 година
Скопје, 2 ноември 2020 (МИА) - Град Скопје ги известува граѓаните дека во согласност со одредбите од Законот за даноците на имот за присилна наплата ja почнa постапката за присилна наплата на неплатените обврски по основ на годишниот данок на имот и комуналната такса за фирмарина за 2019 годинa, со доставување опомени, по кои следуваше изготвување решенија за присилна наплата и нивно доставување до сите правни и физички лица коишто вршат дејност на територијата на град Скопје. Од Град Скопје појаснуваат дека доколку обврзниците не постапат по ваквите решенија, Град Скопје ќе започне со доставување решенија за блокада на нивните сметки во банките. -Ви укажуваме дека сите даночни и таксени обврзници кои по горенаведените основи имаат заостанати и неплатени долгови, потребно е да ги подмират своите обврски. Ве информираме дека секое физичко или правно лице има достапен увид во неговата финансиска картица, увид во изготвените решенија по кои е задолжен и истите може да ги печати. сст/ац/

Остани поврзан