• среда, 27 ноември 2024

По вчерашните 23, во Велес денеска 10 новозаразени со Ковид-19

По вчерашните 23, во Велес денеска 10 новозаразени со Ковид-19

Велес 14 февруари 2021 (МИА) - Според Центарот за јавно здравје денеска во Велес има седум оздравени пациенти,а новозаразени се десет што е далеку  помалку споредени со вчера кога биле 23,а  и со изминатите денови кога беа  по дваесетина, новорегистрирани од Ковид-19.

Во велешката Општа Болница вкупно се хоспитализирани 32, од кои 28 се потврдени позитивни, еден  пациент е сомнителен  и три пациенти со негативен брис, но задржани на болничко лекување.

На кислородна поддршка се единаесет  пациенти. Испишани се тројца пациенти како оздравени со по еден  негативен тест, информира портпаролот д-р Елеонора Јованова.

На Инфективно одделение има  31 пациент, а на Интерно Б крак само еден.ад/

Остани поврзан