• сабота, 23 ноември 2024

Почна хуманитарна акција за помош на повеќечлено семејство во тетовско Сиричино

Почна хуманитарна акција за помош на повеќечлено семејство во тетовско Сиричино

Тетово, 6 мај 2023 (МИА) - Средношколци, волонтери во Проектот за хумани вредности (ПХВ) при општинската организација на Црвен крст во Тетово започнаа хуманитарна акција со цел да се соберат средства и на тој начин да се помогне на повеќечлено семејство од Сиричино.

Волонтерите во Ајдучко маало денес на пладне пoставија штанд преку кој продаваат вода и пијалоци, а собраните средства ќе се донираат на семејството од Сиричино.

-Ние сме група волонтери и собираме донации кои ќе бидат донирани на повеќечлено семејство во Сиричино. Тука ние ја покажуваме нашата хуманост и пред сé величина како луѓе, да помогнеме едни на други. Секој кој е во можност може да донира пари или други средства кои ќе можат да бидат донирани од нашата страна на тоа повеќечлено семејство, изјви Ива Стефановска, волонтер во Црвен крст.

-Ние сме волонтери од Црвен крст, дел сме од Проектот за хумани вредности. Собрани сме со цел да помогнеме да собереме донации за повеќечлено семејство од Сиричино. Тоа го правиме преку продажба на сокови и други пијалоци, изјави Сара Спасеноска, волонтер, ученичка во средното економско училиште во „8 Септември“ во Тетово.

Граѓаните имаат можност и понатаму да донираат парични средства за помош на семејството од Сиричино. Акцијата се спроведува под мотото „Од децата за децата-дојдете и помогнете и Вие“. ас/мс/

фото МИА 

Остани поврзан