• понеделник, 23 декември 2024

Почна уредувањето на пешачките патеки во „Соколански парк“ Куманово

Почна уредувањето на пешачките патеки во „Соколански парк“ Куманово

Куманово, 23 март 2024 (МИА) - Општина Куманово почна со уредување на пешачки патеки во Соколански парк, соопштија денеска надлежните. Уредувањето на паркот се спроведува во фази.

-Во тек е уредување на пешачките патеки во Соколански парк со „Drystone“ – камен тепих. Нашиот соколански парк заслужува темелна реконструкција, информираше градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски.

Претходно, беше поставена нова урбана опрема во паркот.

За реконструкцијата на Соколанскиот парк и паркинг со спортско игралиште во комплекс на Соколана, како што е наведено на електронскиот систем за јавни набавки, општината од буџетот одвои речиси 13 милиони денари со вклучен данок на додадена вредност.

Според планираното, во следните фази од реконструкцијата се планира изградба на детско катче, реквизити за рекреација, паркинг простор и партерно уредување околу објектот.

Граѓаните се жалат дека недостигаат зелени површини во градот. И двата парка тековно се реконструираат. Кумановци велат дека реконструкцијата се одвива доста бавно и бараат да се забрза особено на стариот градски парк.

Несовесни граѓани успеаја да уништат и дел од урбаната опрема која општината ја постави за да ги замени дрвените клупи кои често беа мета на вандалско однесување. Последен случај беше уништувањето на опремата покрај новоизградената пешачка патека кај стариот градски парк. ам/вј/

Фото: Општина Куманово

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан