• сабота, 23 ноември 2024

Почна реконструцијата на двата објекта за социјално домување во Чашка

Почна реконструцијата на двата објекта за социјално домување во Чашка

Велес,19 септември 2024 (МИА) - Почна реконструкцијата на двата објекта за социјално домување во Чашка во кои осум семејства ќе добијат поубав и потопол дом. Проектот „Социјално Домување во Чашка“ го спроведува локалната самоуправа со поддршка на Хабитат Македонија и фондација Saint Gobain.

 Градоначалникот Горан Стојановски информира дека целта на проектот е да ги подобри условите за домување на осум семејства кои живеат во две општински згради.

Воедно проектот има за цел и да го надгради Дневниот центар за социјални услуги за ранливите лица и да ги зголеми можностите за вработување во Општина Чашка преку бесплатна обука за сертифицирање на десет лица од областа на градежништвото.

Во рамките на пректот беше организиран и Волонтерски ден во населба Чашка каде тимовите на Општина Чашка, Хабитат Македонија, Saint Gobain и сертифицираните волонтери ја започнаа реконструкција на двата објекти за социјално домување во Чашка. ад/мч/

фото: Општина Чашка

Остани поврзан