• вторник, 24 декември 2024

Почна реконструкција на водоводна мрежа на „Славиша Вајнер“ во Куманово

Почна реконструкција на водоводна мрежа на „Славиша Вајнер“ во Куманово

Куманово, 19 јули 2023 (МИА) - Почна реконструкција на водоводната мрежа на улицата „Славиша Вајнер“ во Куманово, соопштија денеска од Одделението за комунални дејности. Реконструкцијата на водоводната мрежа е дел од овогодишната програма за изградба, одржување и реконструкција на водоводна мрежа на општината.

- Мрежата беше дотраена, изградена е во шеесеттите години од минатиот век. Со реконструкцијата очекуваме да се намалат дефектите на водоводната мрежа кои беа чести за овој дел од градот, изјави помошникот-раководител на Одделението, Момчило Јовановски.

За реконструкцијата на мрежата општината одвои скоро милион денари со вклучен данок на додадена вредност. Градежните работи ги изведува скопската фирма „Билд инг“.

- Поради портокаловата фаза работниците се повлекуваат во најтоплиот период од денот, кажа Јовановски. ам/дма/


Фото: ФБ Максим Димитриевски

 

 

Остани поврзан