• четврток, 17 октомври 2024

Почна реализацијата на програмата за хоризонтално обележување во Куманово

Почна реализацијата на програмата за хоризонтално обележување во Куманово

Куманово, 16 октомври 2024 (МИА) - Почна обновата на хоризонталната сигнализација во Куманово, информираа денеска од јавното претпријатие „Чистота и зеленило“. Екипите на претпријатието работат на улиците во поширокото градско подрачје и во Куманово. Програмата на претпријатието за оваа дејност, како што информираа надлежните изнесува скоро два милиони денари.

-Претпријатието редовно ја реализира програмата со општина Куманово за хоризонтално обележување на јавно прометни површини согласно годишниот план за 2024-та година. Објавивме тендер како претпријатие и склучивме договор со компанија за набавка на бои и репроматеријали. Имаме работна машина за реализација, изјави директорот на ЈП „Чистота и зеленило“, Ненад Стојановски.

Досега, реализирано е обележување на сообраќајници во поширок опфат на централното градско подрачје со акцент на обележување на пешачките премини во непосредна близина на сите образовни институции, детски градински, здравствени установи и институции, автобуски постојки. Граѓаните изминативе години реагират дека бојата со која се обележуваат пешачките премини брзо избледува и не се постигнува ефектот на обележувањето.

-Бојата се набавува на тендер и поради најниската цена се бира одредена фирма. Но, со оглед на цената станува збор за доста квалитетна боја. Ги замолуваме граѓаните, возачите на трпеливост додека екипите се на улиците и работат, повика Стојановски.

Хоризонталното обележување, велат од ЈП ќе се реализира секојдневно и ќе продолжи сè додека дозволуваат временските услови за реализација на оваа активност. ам/са/

Фото МИА и ЈП Чистота и зеленило

Остани поврзан