• понеделник, 14 октомври 2024

Почна поставување сообраќајни знаци на територија на општина Кавадарци 

Почна поставување сообраќајни знаци на територија на општина Кавадарци 

Кавадарци, 19 септември 2024 (МИА) - Почна поставувањето на сообраќајни знаци на територија на општина Кавадарци, првенствено на локалните патишта кон селата Раец, Дреново и Шивец, а потоа и на улици низ градското подрачје, информираа попладнево од Кабинетот на кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев. 

Оттаму појаснија дека станува збор за вкупно 240 знаци, 160 столбови и 10 огледала. 

- Вкупната вредност на договорот е 1.000.000 денари, а изведувач на работите е фирмата „Бојта инг“ од Скопје. Целта е зголемување на безбедноста во сообраќајот, подвлекоа од кабинетот на Јанчев. свд/мд/

Фото : Фејсбук на градоначалникот Митко Јанчев

Остани поврзан