• вторник, 24 декември 2024

Почна акција за заловување и третман на кучиња скитници во општина Струга

Почна акција за заловување и третман на кучиња скитници во општина Струга

Струга, 22 март 2024 (МИА) - Во Струга почна акцијата за заловување и хуман третман на кучиња скитници.

Како што информираат од општинската прес-служба, заловувањето ќе го врши ветеринарна амбуланта од Кичево, која согласно законскиот рок, од најмногу 30 дена има обврска да ги третира и врати кучињата.

За таа намена, согласно одлуката на Советот на Општина Струга, предвидени се 600 000 денари и акцијата ќе трае до исцрпување на предвидените финансиски средства.

Општина Струга и минатата година реализираше акција за заловување и хуман третман на кучињата скитници, кога биле заловени 35 кучиња. сс/хс/

Фото Општина Струга

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан