• вторник, 24 декември 2024

Почина ќерката на Чарли Чаплин, Жозефина

Почина ќерката на Чарли Чаплин, Жозефина

Берлин, 22 јули 2023 (МИА) - На 74-годишна возраст во Париз почина Жозефина Чаплин, ќерката на легендарниот комичар Чарли Чаплин, јави ДПА .

Актерката починала на 13 јули, објавија вчера американските весници, повикувајќи се на нејзиното семејство. Роднините претходно ја објавија нејзината смрт во известување за погреб во францускиот дневен весник „Фигаро“.

Жозефина Чаплин е родена во Санта Моника, Калифорнија, во 1949 година. Таа беше едно од 11-те деца на Чарли Чаплин (1889-1977) од четвртиот брак на комичарот со актерката Она Чаплин , ќерка на американскиот драматург Јуџин О'Нил.

Џозефина беше позната по нејзината улога на Меј во филмската адаптација на Пазолини од 1972 година од осум приказни од „Кентербериските приказни“ на англискиот поет Џефри Чосер. 

Чаплин долги години живеела во Париз. сд/

 

Остани поврзан